• петок, 17 април 2026

Без вода делови од Стајковци и Сингелиќ

Без вода делови од Стајковци и Сингелиќ

Скопје, 28 март 2026 (МИА) - Без водоснабдување денеска ќе бидат дел од жителите во селото Стајковци и населбата Сингелиќ и од улицата „Адем Демачи“.

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информира дека од 08:30 часот без вода се дел од селото Стајковци и населбата Сингелиќ кај земјоделската аптека, а од 09 часот без водоснабдување се жителите од улицата „Адем Демачи“ пред слаткарницата „Тиамо“. 

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности. бак/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан