Без вода бул.„Македонска Косовска Бригада“ и касарна Илинден
- Без вода изутрина од 9:00 часот се корисниците од бул.„Македонска Косовска Бригада“ крак 10 ,ТГЦ ПОИНТ и касарна Илинден.

Скопје, 13 јануари 2021 (МИА) - Без вода изутрина од 9:00 часот се корисниците од бул.„Македонска Косовска Бригада“ крак 10 ,ТГЦ ПОИНТ и касарна Илинден.
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи-Скопје, прекинот е поради уличен дефект на водоводна мрежа Ф 250мм на бул. „Македонска Косовоска Бригада“ крак 10 во населбата Шуто Оризаре.
Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот.фф/лв/