Безбедносно-разузнавачкиот систем приспособен на стандардите на ЕУ и на НАТО, потребни се подобрувања во легислативата
- Реформите на безбедносно-разузнавачкиот систем генерално се направени, системот функционира, сепак потребни се подобрувања, особено во делот на надзорот на работата на безбедносно-разузнавачк




Според министерката за одбрана Славјанка Петровска, освен надзорот на оваа служба треба да се отвори и едно друго прашање, за кое, како што рече таа како министерка е подготвена да се откаже од своето дискреционо право, а тоа е назначувањето раководител на оваа служба.

- Во Министерството во рамките на основните закони се разбира пропишани се некои правила коишто јас не ги сметам за доволни. Затоа што ако сакаме да го постигнеме она што беше суштината на почетокот на оваа реформа, тоа е намалување на политичкото влијание врз работата на овие служби, во тој случај сметам дека и овој сегмент мора да биде предвид. Така што, ова нека биде со оглед на тоа што од оваа страна на салата гледаме луѓе кои исклучително ги ценам и почитувам за трудот кој го вложиле во делот на безбедносно-разузнавачката заедница се разбира и заштитата на човековите права и чие што знаење секако ќе биде добредојдено, нагласи Петровска.
Претседателот на собраниската Комисија за надзор на работата на АНБ и АР, Љупчо Пренџов пред присиутните истакна дека во извештајот на ЕК е нотирано дека има подобрување во однос на претходните години, во безбедносно-разузнавачкиот систем во државата, но нагласи дека за да биде ефектен собранискиот надзор, мора да има можност за пристап до релеватни информации и непречени разговори со одговорните во разузнавачки служби. Прецизирање на поимот државна тајна, побара Пренџов, нагласувајќи дека не може 95 отсто од работите, да се класифицираат како државна тајна, а во нив да „нема месо“.





