Бајрам Реџепи: Тетово нема потреба за училишта!
- Кандидатот на ДУИ за Општина Тетово, Бајрам Реџепи, изјави дека на Тетово не му требаат нови училишта и вети само едно училиште ако победи на изборите, за време на предизборна дебата во МТВ2.
Скопје, 13 октомври 2025
Кандидатот на ДУИ за Општина Тетово, Бајрам Реџепи, изјави дека на Тетово не му требаат нови училишта и вети само едно училиште ако победи на изборите, за време на предизборна дебата во МТВ2.
„Ќе изградиме само едно училиште во населбата Дарданија, бидејќи нема потреба од училишта во Тетово“, рече Бајрам Реџепи.
Од друга страна, актуелниот градоначалник на Тетово, Билал Касами, изјави дека во текот на неговиот втор мандат ќе бидат изградени 2 средни училишта, кои веќе се во изградба, 3 нови згради за основни училишта, 6 спортски сали и 3 базени, од кои два веќе се во изградба.
Соопштение на ВРЕДИ
Фото: ВРЕДИ