Бајрам Реџепи: Бањиче ќе го трансформираме во модерен центар за спорт и рекреација
- Кандидатот за градоначалник на Тетово од Националната алијанса за интеграција (НАИ) Бајрам Реџепи денеска се осврна на состојбата со рекреативното место Бањиче и плановите за ревитализација.
Тетово, 11 октомври 2025 (МИА) - Кандидатот за градоначалник на Тетово од Националната алијанса за интеграција (НАИ) Бајрам Реџепи денеска се осврна на состојбата со рекреативното место Бањиче и плановите за ревитализација.
Заедно со активистите и кандидатите за советници пешачеше до месноста Бањиче, од каде што се заложи дека како градоначалник тој локалитет ќе биде подобро место за спорт и рекреација.
-Ова е една од ретките рекреативни зони што ги има Тетово. Во изминатите четири години не беше вложено ништо во овој рекреативен центар, рече Реџепи.

Според него, сите инвестиции - како реконструкцијата на патот до изворите на минерална вода, продолжувањето на патот кон Шипковичкото Теќе, како и изградбата на коритото на реката, реализирани во соработка со Агенцијата за рурален развој, се дело на Демократската унија за интеграција.
-Во следниот четиригодишен мандат ќе инвестираме во овој локалитет за да го трансформираме во модерен центар за спорт и рекреација, истакна Бајрам Реџепи. ас/хс/
Фото: Прес-центар Бајрам Реџепи