• вторник, 24 декември 2024

Бајиќ: Повеќе сакам противниците да размислуваат за нас, отколку ние за нив

Бајиќ: Повеќе сакам противниците да размислуваат за нас, отколку ние за нив
Скопје, 31 август 2021 (МИА) – Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Драган Бајиќ, присуствуваше на церемонијалот на одредување на квалификациските групи за Светското првенство 2023, во кои ривали на „црвено-жолтите“ ќе бидат Шпанија, Грузија и Украина. - Добивме група која не изгледа како атрактивна, но не е ниту лесна. Но мојата тренерска филозофија вели дека повеќе сакам противниците да размислуваат за нас, отколку ние за нив. Така е и овојпат. Во разговорите со колегите кои се тука во Женева, дознав дека се вложува многу. И во Грузија, и особено во Украина, тоа се сериозни селекции, за шпанската не сакам да дискутирам. Но во мојот речник не постои зборот предавање. Јасна е визијата, сакаме низ овие натпревари да им дадеме уште поголем прилика на помладите. Верувајте во секој прозорец тоа ќе биде и видливо. Овие мечеви би биле само континуитет на реализација на плановите. Искрено се надевам дека во наредниот циклус ќе ги имаме на располагање и играчите кои не беа во можност да бидат дел од селекцијата, што не беше слушај овој месец. И сите заедно да уживаме и да напредуваме низ овие квалификациски натпревари. Се надевам дека зад нас ќе останат проблемите со короната, дека ќе се врати оној стар систем на натпреварување, изјави Бајиќ за веб-страницата на КФСМ. Првопласираните три селекции од оваа, и останатите групи од квалификациите, преминуваат во наредната во која се формираат четири нови групи во кои најдобрите три, или вкупно 12 репрезентации од Стариот континент, ќе обезбедат пласман на завршниот турнир во Индонезија, Јапонија и Филипини во 2023 година. зс/

Остани поврзан