• недела, 22 декември 2024

Бајден: Се работи на укинување на забраната за употреба на оружје со долг дострел од Украина

Бајден: Се работи на укинување на забраната за употреба на оружје со долг дострел од Украина

Вашингтон, 11 септември 2024 (МИА)  - Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека неговата администрација „во моментов одлучува“ дали САД ќе ги укинат ограничувањата за употреба на оружје со долг дострел од Украина во војната против Русија.

Британските медиуми наведуваат дека САД се двоумат да испорачаат или да санкционираат употреба на оружје што би можело да погоди цели длабоко во Русија поради страв дека би можело да го ескалира конфликтот.

Останатите сојузници му испорачуваат оружје на Киев, но со ограничувања за тоа како и кога може да се користи во Русија, поради загриженост дека таквите напади би можеле да предизвикаат одмазда што ќе ги вовлече земјите на НАТО во војна или ќе предизвика нуклеарен конфликт.

Неименувани извори минатата недела изјавија дека САД се блиску до договор за испорачување на такво оружје за Украина, но дека Киев ќе мора да почека неколку месеци бидејќи САД мораат да ги решат техничките проблеми пред секоја ваква испорака.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан