• сабота, 11 мај 2024

Бајден разговарал со емирот на Катар за ослободувањето на заложниците од Појасот Газа

Бајден разговарал со емирот на Катар за ослободувањето на заложниците од Појасот Газа

Вашингтон, 17 ноември 2023 (МИА) – Американскиот претседател Џозеф Бајден и емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад ал-Тани, денеска телефонски разговараа за итната потреба Хамас „без одлагање“ да ги ослободи заложниците земени за време на нападот врз Израел на 7 октомври, соопшти Белата куќа.

Двајцата лидери разговараа и за „постојаните напори за зголемување на испораката на многу потребната хуманитарна помош во Газа“, се додава во соопштението.

На првиот ден од нападот на палестинските екстремисти од југот на Израел, околу 240 заложници беа однесени во Појасот Газа.

Синоќа, за време на состанокот на воениот кабинет, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му телефонираше на претседателот Бајден и апелираше до него да изврши притисок врз катарскиот емир да го зголеми бројот на заложници кои ќе бидат вклучени во договорот меѓу Хамас и израелската страна за кој посредува Катар, јавија израелските медиуми. јт/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан