• понеделник, 20 мај 2024

Бајден побара од Нетанјаху привремен прекин на операциите во Газа

Бајден побара од Нетанјаху привремен прекин на операциите во Газа

Вашингтон, 8 ноември 2023 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден побара од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху привремена пауза во воените операции на Израел во Појасот Газа, соопшти Белата куќа.

Портпаролот на Белата куќа кажа дека американскиот претседател и израелскиот премиер во понеделникот разговарале за „тактички паузи“ во израелската офанзива врз Газа поради хуманитарни причини и можното ослободување на заложниците.

Би-Би-Си наведува дека САД и многу други западни земји ја поддржуваат позицијата на Израел дека прекинот на огнот воено ќе им помогне на палестинските милитанти Хамас. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан