• среда, 12 јуни 2024

Бајден падна на скалите од претседателскиот авион, се чувствува добро

Бајден падна на скалите од претседателскиот авион, се чувствува добро
Вашингтон, 19 мрт 2021 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден денеска падна по скалите на претседателскиот авион. Инцидентот се случил непосредно пред полетувањето за Атланта, каде ќе сретне со лидерите на азиската заедница по пукањето во салоните за масажа во вторникот.  
Портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер изјави дека претседателот Џо Бајден се чувствува добро откако денеска се сопна на скалите додека се качуваше во претседателскиот авион. Таа посочи дека силниот ветер во воената база Ендрус, близу Вашингтон, можеби ја предизвикал несреќата. - Надвор е многу ветровито. Претседателот е 100 проценти добро, рече Жан-Пјер на прашањето за неговиот сопнување. Со 78 години, Бајден е најстариот претседател кој стапил на таа должност во историјата на САД, кога влезе во Белата куќа на 20 јануари. паг/  

Остани поврзан