• понеделник, 23 декември 2024

Бајден обезбеди итна воена помош за Украина вредна осум милијарди долари

Бајден обезбеди итна воена помош за Украина вредна осум милијарди долари

Вашингтон, 27 септември 2024 (МИА) - Претседателот на САД Џо Бајден за време на посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Белата куќа соопшти дека ќе обезбеди воена помош за Украина во вредност од повеќе од осум милијарди долари, а со цел Киев да добие потребна помош за победа во војната против Русија.

Зеленски му се заблагодари на Бајден, како и на Конгресот, за новиот пакет воена помош. На социјалната мрежа Х тој изјави дека Украина ќе ги искористи овие средства „најефикасно и транспарентно“, напоменувајќи дека добива дополнителната батерија за противвоздушна одбрана Патриот, беспилотни летала и ракети со долг дострел.

Пакетот вклучува и прва испорака на прецизно наведувана бомба Joint Standoff Weapon со дострел до 130 километри.

Набљудувачите очекуваа Бајден да каже нешто во однос на тоа дека дозволува  Украина да користи американски ракети за напади врз цели во длабочината на територијата на Русија, но тоа не се случило, според изјава на претставник од Белата куќа.

Поддршката за Украина, што е под руска инвазија од февруари 2022 година, е еден од главните приоритети за САД, истакна Бајден во својата изјава.

„САД повеќе од три години ги обединуваат напорите на целиот свет за подршка на народот на Украина во неговата одбрана на слободата од руската агресија“, се вели во изјавата на Бајден, објавена од Белата куќа. „Еден од главните приоритети на мојата администрација е да се обезбеди потребната подршка победа на Украина.“

Главниот дел од новата помош, 5,5 милијарди долари, треба да се додели до крајот на оваа фискална година, односно до понеделник индата недела. Дополнителни 2,4 милијарди долари се доделуваат преку Иницијативата за помош на Украина во безбедноста, што и овозможува на администрацијата да купува оружје за Украина од компании, наместо да го користи од американските резерви.

Како што објасни Бајден, ова ќе овозможи Украина да добие дополнителни средства за противвоздушна одбрана, беспилотни летала и муниција воздух-земја, како и да ја зајакне нејзината одбранбена индустрија.

Претседателот нареди Пентагон да ја прошири обуката на украинските пилоти за Ф-16, особено идната година за обука на уште 18 украински пилоти.

Во борбата против заобиколувањето на санкциите против Русија и перењето пари, САД ќе ги координираат своите активности со меѓународните партнери со цел да се поткопа она што Бајден го нарече „глобална криптовалутна мрежа“. кб/сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан