• недела, 22 декември 2024

Бајден и Харис на турнеја во северните сојузни држави на САД

Бајден и Харис на турнеја во северните сојузни држави на САД

Вашингтон, 16 ноември 2021 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден и неговата потпретседателка Камала Харис неделава со на турнеја во некои северни сојузни држави на САД. Целта на патувањето е да се демонстрира успешноста на нивната национална политика. 

Бајден денеска е во посета на Њу Хемпшир, клучна сојузна држава во предизборната кампања за гласањето во Конгресот, закажано за ноември 2022 година.  

Бајден и Демократската партија типуваат на тоа дека успесите со донесување бипартиски решенија и инвестиции во инфраструктурата, како и создавање нови работни места, привлекува симпатии кај избирачите.

Притоа, Републиканската партија, која е во опозиција, останува поделена околу улогата на екс-претсетседателот Доналд Трамп во нападот на Капитолот од страна на негови поддржувачи на 6 јануари, и неопходноста да се соработува со Бајден. Републиканците овој месец победија на клучни гувернерски избори, а главните пароли беа зголемената инфлација и даноци во време на претседателството на Бајден. 

Актуалните анкети укажуваат дека рејтингот на Бајден е се уште мал или се намалува. 

Њу Хемпшир ќе биде полето за битка за две места во Претставничкиот дом и едно во Сенатот.

Во среда, Бајден заминува за Детроит, Мичиген, каде ќе се обрати до американските автопроизводители за новите инвестиции во развојот на електрични автомобили, а во петок, потпретседателката Камала Харис ќе настапи во Колумбус, Охајо. 

За време на оваа турнеја демократите се надеваат да укажат и демонстрираат на избирачите од клучните сојузни држави од северниот дел на САД дека ги исполниле своите ветувања 

-Се надеваме дека тоа ќе биде со ефект, изјави синоќа портпаролката Џен Псаки на брифинг. 

Конгресните избори се секогаш тешка задача за партијата на власт. Изборите се точно за една година, но за демократите лошите резултати почнаа уште овој месец. Тие изгубија на гувернерските избори во Вирџинија и во Њу Џерси. 

Во Њу Хемпшир, една анкета укажува дека 65 отсто од населението смета дека земјата оди во погрешен правец.  

Бајден со својата посета сака да го промени таквото мислење. кб/сд/  

Остани поврзан