• четврток, 25 април 2024

Бајден и првата дама на САД ги поздравија муслиманите со почетокот на Рамадан 

Бајден и првата дама на САД ги поздравија муслиманите со почетокот на Рамадан 

Вашингтон, 23 март 2023 (МИА) - Претседателот на САД Џо Бајден и првата дама Џил Бајден, ги поздравија муслиманите низ целиот свет за почетокот на Рамазан„светиот месец на постење, преродба, добротворство, богослужение и развој“. 

-САД ја потврдуваат подршката на муслиманските заедници кои се судираат со тешкотии и уништивање. Продолжуваме да стоиме со луѓето во Турција и Сирија, кои изгубија многу блиски за време на неодамнешните катастрофални земјотреси, и со луѓето од Пакистан, кои се враќаат во живот по поплавите летоска, се вели во соопштението од Белата куќа. 

Во изјавата исто така се подвлекува дека САД и нивните партнери се солидаризираат со муслиманите кои се судираат со постојани репресии, како ујгурите во Кина и рохинџа во Мјанмар. 

-Во овој свет месец ние исто така оддаваме почит на муслиманската заедница во нашата земја, која е дел од американската историја од моменот на нејзините почетоци, дадаваат Бајденови. 

-Од наука и технологија до уметност и образование, право и медицина, бизнис и државно раководство, американските муслимани, поколение по поколение, ја зацврстуваат разноликата таписерија на нашата земја. кб/ 

Остани поврзан