• недела, 22 декември 2024

Бајден и Нинисто за соработка во областа на одбраната

Бајден и Нинисто за соработка во областа на одбраната
Вашингтон, 5 март 2022 (МИА) - Американскиот претседател Џозеф Бајден и финскиот колега Саули Нинисто на средба во Белата куќа се договорија да ја зајакнат соработката во областа на одбраната. За време на состанокот во Белата куќа, Бајден изјави дека Финска е „силен одбранбен партнер“ вклучен во „обединетиот трансатлантски одговор со цел да се повика Русија на одговорност“, бидејќи, како што наведе, тоа е напад врз глобалниот мир. Нинисто во обраќањето пред новинарите истакна дека Финска ги исполнува критериумите за членство во НАТО и нагласи дека тој и Бајден за време на средбата разговарале и со премиерката на Шведска, Магдалена Андерсон. Финска веќе соработува со НАТО, но не е членка, иако поддршката на финските граѓани за полноправно членство, како и во Шведска, е зголемена по руската инвазија врз Украина. гт/

Остани поврзан