• недела, 22 декември 2024

Бајден и Кишида договорија блиска соработка во решавање на регионалните безбедносни предизвици

Бајден и Кишида договорија блиска соработка во решавање на регионалните безбедносни предизвици

Хирошима, 18 мај 2023 (МИА) – Американскиот претседател Џо Бајден и јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска ветија дека ќе одговорат на сите и тесно ќе соработуваат за решавање на регионалните безбедносни предизвици.

Белата куќа појасни дека предизвиците пред нив ги вклучуваат прашањето за севернокорејската нуклеарна и балистичка ракетна програма и заканувачкиот однос на Кина со кршење на меѓународното право.

Двајцата лидери го истакнаа противењето на какви било обиди за насилна промена на „статус кво“ состојбата на Тајван и ја повторија својата решеност да го одржат мирот и стабилноста во поширокиот Тајвански теснец.

Бајден и Кишида изразија поддршка за АСЕАН (Асоцијација на нациите од Југоисточна Азија) и ја истакнаа важноста од зајакнување на мултилатералната соработка во Индо-пацифичкиот регион.

Белата куќа додаде дека САД и Јапонија ќе продолжат да ја поддржуваат Украина во нејзината одбрана од „бруталната и нелегална инвазија на Русија“.

Претходно, во разговор со Кишида, Бајден изјави дека целиот свет е побезбеден кога Вашингтон и Токио стојат заедно.

-Ние се залагаме за заеднички вредности, вклучувајќи и поддршка на храбриот народ на Украина додека ја брани својата суверена територија и повикувањето на Русија на одговорност за нејзината брутална агресија, рече Бајден, кој денеска пристигна во Хирошима на самитот на Г7, јави Кјодо. .

Американските медиуми пренесуваат дека Кишида го поздрави успешниот развој на односите меѓу САД и Јапонија. сд/

Остани поврзан