Бајден им честита на Чарлс Трети и на Камила за крунисувањето
- Американскиот претседател Џо Бајден им честиташе на кралот Чарлс Трети и на кралицата Камила за крунисувањето, оддавајќи почит на „трајното пријателство меѓу САД и Обединетото Кралство“.

Вашингтон, 6 мај 2023 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден им честиташе на кралот Чарлс Трети и на кралицата Камила за крунисувањето, оддавајќи почит на „трајното пријателство меѓу САД и Обединетото Кралство“.
Во твит, Бајден ги нарече односите меѓу двете земји „извор на сила за двата наши народи“.
Toj додаде дека е горд што првата дама Џил Бајден „ги претставува САД на тој историски настан“. паг/
Фото: ЕПА