• понеделник, 23 декември 2024

Бајден води во Мичиген и Висконсин, Трамп во Пенсилванија

Бајден води во Мичиген и Висконсин, Трамп во Пенсилванија
Вашингтон, 4 ноември 2020 (МИА) - Демократскиот кандидат за претседател Џо Бајден го презеде водството во државите Мичиген и Висконсин, а републиканецот, сегашен претседател Доналд Трамп, води во Пенсилванија, објави Си-Ен-Ен. Претседателските избори во САД се покажаа понеизвесни отколку што се очекуваше, а три држави, Висконсин, Мичиген и Пенсилванија, би можеле да бидат клучни во одлучувањето дали Трамп или Бајден ќе победат на изборите. Откако беа преброени мнозинството гласови во Висконсин и Милвоки, Бајден има мала предност, но се уште е рано за проценка на конечните резултати. Си-Ен-Ен објави дека е најнеизвесно во девет сојузни држави каде сè уште не е познато кој ќе ги добие гласовите на електоратот. Станува збор за Аљаска, Аризона, Џорџија, Мичиген, Мејн, Невада, Северна Каролина, Пенсилванија и Висконсин. Според американските медиуми, Бајден досега има освоено 224, а Трамп 213 изборни гласови. За да се победи на изборите, потребно е да се освојат 270 од 538 изборни гласови. Четири држави – Пенсилванија, Висконсин, Мичиген и Џорџија оставија десетици илјади гласови настрана, забавувајќи ја трката за Белата куќа, пренесува Си-Ен-Ен. Изборната комисија во некои земји одлучи да престане да го прекине броењето и да продолжи со работа во среда, односно од 16.часот по средноевропско време. Некои окрузи во Пенсилванија дури и не започнаа да ги класифицираат гласовите што пристигнаа по пошта, па затоа ќе го сторат тоа во текот на денот. Кандидатот на републиканците за претседател Доналд Трамп и се обрати на јавноста од Белата куќа прогласувајќи победа на изборите, иако Изборната комисија не ги преброи сите гласови. паг/    

Остани поврзан