• недела, 24 ноември 2024

Бајден вечерва ќе и се обрати на нацијата, Белата куќа откри делови од неговиот говор

Бајден вечерва ќе и се обрати на нацијата, Белата куќа откри делови од неговиот говор
Вашингтон, 2 март 2022 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден вечерва ќе и се обрати на јавноста за состојбата на нацијата. Тој за неколку часа ќе одржи говор, а Белата куќа објави некои од клучните пораки што ќе ги испрати од говорницата. - Низ нашата историја ја научивме лекцијата, кога диктаторите не ја плаќаат цената за својата агресија, предизвикуваат уште поголем хаос, не престануваат. И така цената и заканата за Америка и светот само се зголемуваат, се наведува во објавените белешки. - Затоа е создаден НАТО, со цел да ги зачува мирот и стабилноста во Европа по Втората светска војна. САД и уште 29 други нации се членки на Алијансата. Тоа значи нешто, американската дипломатија значи нешто, стои во клучните пораки. Белата куќа соопшти дека Бајден во своето обраќање ќе го повика Путин. - Војната на Путин беше планирана и со ништо не беше испровоцирана. Тој одби дипломатско решение, мислеше дека Западот и НАТО нема да реагираат. Мислеше дека може да не подели, овде во нашиот дом. Тој погреши, ние бевме подготвени, се некои од пораките што Бајден ќе ги испрати во својот говор, соопшти Белата куќа. гт/

Остани поврзан