• сабота, 21 декември 2024

Бах најави посета на Македонскиот олимписки комитет

Бах најави посета на Македонскиот олимписки комитет

 

Скопје, 15 август 2024 (МИА) – Претседателот на Македонскиот олимписки комитет (МОК) Даниел Димевски доби позитивен одговор од првиот човек на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Томас Бах, на пролет 2025 година да дојде во работна посета на Скопје.

Како што соопшти попладнево МОК; приоритет на оваа средба ќе биде зголемената финансиска поддршка на Олимпискиот план и програмата на МОК за периодот 2025-2028 за кој МОК веќе доби зголемување од 10% во однос на финансиската поддршка од ИОК, за периодот 2020-2024.

„Многу важна тема ќе биде и поддршката, финансиска и логистичка, од страна на ИОК во насока на успешна организација на Европските младински Олимписки игри Скопје 2025“, се наведува во соопштението на МОК.

Во рамки на најавената посета на Бах ќе биде разгледано и прашањето за поставувањето фотоволтаичниот систем во Олимпискиот центар „Јане Сандански“ за кој МОК доби почетна финансиска помош од ИОК. ег ФОТО: МОК

Остани поврзан