Батинци денеска без вода
- Како што соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје, прекинот со водоснабдувањето ќе биде од 11: 30 часот до завршување на дефектот.
Скопје, 16 ноември 2025 (МИА) - Поради дефект на воздушен вентил на улица „Јустинијан Први“ бб, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населба Батинци.
Како што соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје, прекинот со водоснабдувањето ќе биде од 11: 30 часот до завршување на дефектот.
Фото: МИА архива