Баскет Кам 2011 го освои трофејот во женскиот кошаркарски Куп
- Баскет Кам 2011 ја освои својата трета куп титула, а МЗТ Скопје Аеродром остана на една, освоена лани со триумф во финалето над Баскет Кам 2011
Скопје, 3 март 2024 (МИА) – Кошаркарките на Баскет Кам 2011 го освоија трофејот во македонскиот кошаркарски Куп, „Благоја Георгиевски – Буштур“, совладувајќи го попладнево во финалето бранителот на титулата МЗТ Скопје Аеродром со 67-39 (21-11, 24-9, 10-11, 12-8)
Баскет Кам 2011 од самиот почеток на финалната пресметка доминираше на паркетот во СРЦ „Кале‘ и веќе на полувреме дојде до недостижни 25 поени разлика (45-20)
Најефикасна во редовите на составот од Македонска Каменица беше Кметовска со 23 поени, додавајќи и 15 скокови, додека Томас со 16 поени беше најистакната во редовите на МЗТ Скопје Аеродром.
Баскет Кам 2011 ја освои својата трета куп титула, а МЗТ Скопје Аеродром остана на една, освоена лани со триумф во финалето над Баскет Кам 2011. ег ФОТО: КФСМ