• петок, 22 ноември 2024

Барселона ќе се обиде да го ангажира Леаo во последните денови од преодниот рок

Барселона ќе се обиде да го ангажира Леаo во последните денови од преодниот рок

Барселона, 26 август 2024 (МИА) – Фудбалерот на Милан, Рафаел Леао би можел да се пресели во Барселона во последните денови од преодниот рок, пишува „Мундо Депортиво“.

Каталонците се уште не можат да се договорат со миланскиот клуб околу условите за трансфер на 25-годишниот Португалец.

Леао игра за Милан од 2019 година. За тимот настапи на 211 натпревари, постигна 58 гола и креира 50 асистенции. 

Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува пазарната вредност на фудбалерот на 90 милиони евра. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан