Барселона ќе направи уште еден обид да го ангажира Нико Вилијамс
- Барселона следната година повторно ќе се обиде да го ангажира Нико Вилијамс, објавија денеска шпанските медиуми.

Барселона, 15 ноември 2024 (МИА) - Барселона следната година повторно ќе се обиде да го ангажира Нико Вилијамс, објавија денеска шпанските медиуми.
Крилниот напаѓач на Атлетик Билбао и Шпанија останува приоритетна цел на Каталонците во летниот преоден рок во 2025 година.
Барселона сакаше да го ангажира играчот минатото лето, но Вилијамс реши да остане кај Баскијците.
Дваесет и две-годишниот Шпанец оваа сезона во Примера дивизион на 11 натпревари постигна 1 гол и 1 асистенција. дс
Фото: Архива