• вторник, 17 декември 2024

Барселона со нов план за справување со финансиските проблеми

Барселона со нов план за справување со финансиските проблеми

Барселона, 6 декември 2024 (МИА) - Раководството на Барселона продолжува да се бори со финансиските проблеми на клубот и покрај тоа што потпиша договор за период од 14 години со „Најк“, кој на Каталонците ќе им донесе импресивни 1,7 милијарди евра.

Според локалниот печат, клубот се уште не го гарантирал пријавувањето на Дани Олмо и Пау Виктор, кои добија привремени дозволи на почетокот на сезоната. Тогаш Каталонците го искористија правилото кое дозволува пријавување на нови играчи во случај на сериозна повреда на некој од актуелните на списокот, кој ќе го извади од теренот повеќе од четири месеци.

Сепак, Барса е блиску до влез во фамозното правило 1:1, што се очекуваше да се случи веќе во текот на летото, а тоа ќе стане возможно по активирањето на уште еден финансиски лост од страна на клубот. Овој пат Каталонците ќе додадат уште 200 милиони евра со продажба на ВИП места во реновираниот објект во следните 10 години. Токму овој приход сега ќе ги додаде потребните средства, што ќе придонесе многу за да се намали финансискиот притисок и да се вклучат двајцата фудбалери на листата на пријавени за настапи.

Медиумите во Шпанија пренесуваат и дека сега Барселона ќе има поголема слобода во планирањето на селекцијата и обидот да привлече нови играчи. Сепак, не се очекуваат поголеми зделки во јануари. дс

Фото: Архива

Остани поврзан