• четврток, 15 мај 2025

Барселона го совлада Реал по продолженија за рекордна 32. титула во Купот на кралот

Барселона го совлада Реал по продолженија за рекордна 32. титула во Купот на кралот

 

Севиља, 27 април 2025 (МИА) – Во спектакуларно финале со резултатски пресврти вечерва во Севиља, фудбалерите на Барселона го совладаа Реал Мадрид со 3-2 (2-2, 1-0) и го освоија трофејот во шпанскиот Куп на кралот.

Педри во 29 минута ѝ донесе водство на Барселона, a со влегувањето на Килијан Мабпе во вториот дел уследи резултатски пресврт на Реал, откако францускиот репрезентативец израмни од слободен удар во 70 минута, а Орелиен Чуамени беше прецизен во 77 минута.

Со гол во 84 минута Феран Торес го израни резултатот и го однесе натпреварот во продолженија, а Жил Кунде ја обезбеди победата на каталонскиот клуб во 116 минута.

За Барселона ова е 32. титула во Купот на кралот која ја освои во своето прво финале по пауза од четири години.

Реал Мадрид остана на 20 освоени куп титули, од кои последната во сезоната 2022/23. ег

ФОТО: Фејсбук

 

Остани поврзан