Барди стрелец во ремито на Леванте против Атлетико Мадрид
- Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди беше стрелец на единствениот гол за Леванте во ремито 1:1 вечерва на домашен терен против лидерот во шпанското првенство Атлетико Мадрид.
Валенсија, 17 февруари 2021 (МИА) – Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди беше стрелец на единствениот гол за Леванте во ремито 1:1 вечерва на домашен терен против лидерот во шпанското првенство Атлетико Мадрид.
Барди, кој одигра 86 минути од натпреварот, го донесе Леванте во водство во 17 минута, а Атлетико израмни 20 минути подоцна преку Маркос Љоренте.
За Барди ова досега е втор гол сезонава во Шпанија, откако играчот за врска пропушти речиси три месеци од сезоната поради повреда на ’рбетот.
По 23 одиграни натпревари во Ла Лига, екипата на Леванте има ефект од шест победи, седум порази и десет нерешени, и со 23 бодови е на 11 место на табелата.ег/оџ/