Барак Обама стана стратешки партнер на НБА во Африка (видео)
- Поранешниот претседател на САД, Барак Обама стана стратешки партнер на новата НБА дивизија во Африка, се наведува на официјалната веб-страница на лигата.
Вашингтон, 28 јули 2021 (МИА) - Поранешниот претседател на САД, Барак Обама стана стратешки партнер на новата НБА дивизија во Африка, се наведува на официјалната веб-страница на лигата.
Според договорот, Обама ќе поседува малцински удел во НБА Африка. „Претседателот ќе и п
омогне на лигата да ги спроведе програмите и партнерствата што поддржуваат родова еднаквост и економска вклученост“, се вели во соопштението.
- Во Африка, кошарката може да придонесе за зајакнување, права, благосостојба и еднаквост низ целиот континент. Како претседател и основач на фондацијата, си поставив задача да привлечам млади луѓе од Африка. Тоа е затоа што Африка има највисок процент на млади во светот. И оваа нова генерација е подготвена за позитивна трансформација, порача Обама. Во мај оваа година, НБА формално ја формираше НБА Африка дивизија за да управува со своите континентални бизниси, вклучително и Африканската кошаркарска лига (БАЛ). Истиот месец, лигата ја имаше својата прва сезона, чиј победник беше египетскиот клуб Замалек. зс/