• четврток, 21 ноември 2024

Бангладеш ќе го назначи нобеловецот Јунус за привремен шеф на владата

Бангладеш ќе го назначи нобеловецот Јунус за привремен шеф на владата

Дака, 6 август 2024 (МИА) - Претседателот на Бангладеш, Мохамед Шахабудин треба да го назначи нобеловецот, Мохамад Јунус за шеф на привремената влада на земјата, еден ден откако премиерката Шеик Хасина беше принудена да поднесе оставка и да побегне во Индија по масовните протести.

Претседателскиот портпарол за ДПА изјави дека одлуката за назначување на 84-годишниот Јунус била донесена на состанок на кој присуствувале претседателот, високи воени офицери, членови на граѓанското општество и претставници на организатори на студентски протести.

Останатите членови на привремената влада ќе бидат избрани по консултација со политичките партии, рече тој.

Претседателот претходно го распушти парламентот, по неколкунеделните насилни протести во кои загинаа речиси 400 луѓе, што доведе до тоа Хасина да поднесе оставка и да избега од Бангладеш.

Демонстрациите достигнаа кулминација истиот ден со упадот на владината палата, бидејќи локалните медиуми објавија дека во насилството загинаа повеќе од 100 низ целата земја.

Ситуацијата на улиците на главниот град Дака денеска во раните утрински часои беше мирна, откако беше укинат полицискиот час воведен од администрацијата на Хасина.

Парламентот се распушти по консултација со армијата и демонстрантите. Хасина поднесе оставка вчера по 15 години на власт. мс/

фото: Википедија

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан