• сабота, 18 мај 2024

Бангладеш ги раселува Рохинџите и покрај критиките

Бангладеш ги раселува Рохинџите и покрај критиките
Дака, 28 јануари 2021 (МИА)Бангладеш оваа недела ќе премести од 2.000 до 3.000 бегалци Рохинџи на оддалечен остров во Бенгалскиот залив и покрај тоа што локацијата е подложна на бури и поплави, изјави поморски офицер. Од почетокот на декември, Бангладеш расели околу 3.500 бегалци од соседниот Мјанмар на островот Башан Чар од граничните кампови каде милиони бегалци живеат во тешки услови за живот. Рохинџите, муслиманска малцинска група која избега од насилството во Мјанмар со будистичко мнозинство, не смеат да го напуштат островот без владина дозвола. Бангладеш го оправдува преместувањето на луѓето на островот со тврдењата дека преполните бегалски кампови во Кокс Базар доведуваат до зголемување на криминалот.

Акциите на властите во Бангладеш предизвикаа критики од хуманитарните агенции, кои не биле консултирани во претходните трансфери на бегалците. паг/

 

Остани поврзан