• четврток, 04 јули 2024

Балотели: Рајола рече дека Меси и Роналдо секоја година ја освојуваат Златната топка затоа што покажав само 20% од мојот потенцијал. И тој беше во право

Балотели: Рајола рече дека Меси и Роналдо секоја година ја освојуваат Златната топка затоа што покажав само 20% од мојот потенцијал. И тој беше во право

Рим, 25 април 2023 (МИА) – Поранешниот италијански репрезентативец и голем фудбалски талент Марио Балотели проговори за неговиот разговор со Мино Рајола за Златната топка.

 

- Мојот агент Мино Рајола, кој навистина ми недостига, рече дека Меси и Роналдо ја освојуваат Златната топка секоја година затоа што покажав само 20% од мојот потенцијал. И тој беше во право. Дали сум залудно потрошен талент? Па, сигурно можев да направам повеќе, но освоив многу со клубовите. Ми недостига трофеј од Европското првенство или Светското првенство со репрезентацијата, изјави Балотели.

 

„Супер Марио“ од 2022 година е фудбалер на Сион. Претходно играше за Адана, Монца, Бреша, Марсеј, Ница, Милан, Ливерпул, Манчестер сити, Интер и Лумецане. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан