• недела, 22 декември 2024

Балотели: Да се ​​игра за репрезентација на 31 година е нормално, се надевам дека Италија ќе се пласира на Светското првенство

Балотели: Да се ​​игра за репрезентација на 31 година е нормално, се надевам дека Италија ќе се пласира на Светското првенство
Рим, 25 јануари 2022 (МИА) - Напаѓачот на Адана Демирспор, Марио Балотели ги сподели своите размислувања откако беше повикан во репрезентацијата на Италија, за која нема играно од 2018 година. - Добро сум, добро сум расположен. Да се ​​игра за репрезентација на 31 е нормално, нема ништо чудно во тоа. Се надевам дека Италија ќе се пласира на Светското првенство, тимот го заслужува тоа. Со Манчини разговаравме, се е во ред. Дебитирав под негово водство. Се надевам дека еден ден ќе ја завршам кариерата со него, изјави Балотели. Италија во полуфиналето од баражот за Светското првенство во Катар кое ќе се игра на крајот од оваа година, ќе се сретне со македонската фудбалска репрезентација. Мечот ќе се игра во март во Палермо. зс/

Остани поврзан