• петок, 22 ноември 2024

Балкан Барометар 2021: Над половина од граѓаните би се вакцинирале, за членство во ЕУ се 62 отсто

Балкан Барометар 2021: Над половина од граѓаните би се вакцинирале, за членство во ЕУ се 62 отсто
Скопје, 24 јуни 2021 (МИА) – Повеќе од половина од испитаниците на Западен Балкан, односно 56 проценти изразуваат желба да се вакцинираат, 42 проценти не сакаат, покажува „Балкан Барометар 2021“ што го спроведува Регионалниот центар за соработка. Според „Барометарот“ на јавното мислење, кој е спроведен помеѓу 6.000 граѓани од регионот, има подобрување во 46 точки, за разлика од 2020 година, кога биле 45. Додека,  според „Балкан Бизнис Барометар 2021“ кој е спроведен помеѓу 1.200 компании во шест економии од Западен Балкан, има намалување од 65 во 2020-та година на 46 во 2021. Овогодинешниот барометар, спроведен помеѓу 6.000 граѓани од регионот, покажува и дека поддршката за членство во Европската Унија е зголемена на 62 проценти. Исто 62 отсто од испитаниците од Западен Балкан се чувствуваат сигурно во однос на зачувувањето на работното место во наредната година, што претставува намалување од седум проценти во однос на 2020 година. Најголем дел од испитаниците, вкупно 43 проценти, ја посочиле Европската Унија како најзаслужна за поддршка на нивната економија, потоа Кина со 14 проценти, Турција со девет проценти и другите економии од Западен Балкан и Русија се на четврто место со седум проценти. Патувањето само со валиден документ за идентификација за 61 процент од бизнисите во Западен Балкан претставува придонес за нивниот, а 30 проценти од бизнисите во регионот попрво би вработиле маж отколку жена, додека 56 отсто немаат никакви преференции. Кога станува збор за изедначувањето на платите помеѓу мажите и жените кои ја работат истата работа, 57 проценти од анкетираните сметаат дека тоа може да придонесе кон родовата еднаквост на работното место. Од испитаниците, 83 проценти веруваат дека продуктите од нивните економии можат да се споредат со конкуренцијата од регионот, додека 74 проценти го мислат истото за продуктите од Европската Унија. Вкупно 62 проценти велат дека се подготвени да платат повеќе за продукти кои што ја заштитуваат животната средина. Кога станува збор за безбедноста на патиштата, 57 проценти од населението во Западен Балкан смета дека патиштата во нивниот крај се безбедни за патување, додека 40 проценти не се согласуваат со ова. Во однос на најкорумпираниот сектор, најголем дел од граѓаните 78 проценти велат дека тоа се политичките партии, потоа правниот систем - 76 проценти, царината - 75 проценти, здравството - 74 проценти и парламентот - 71 процент. Дека побарувачката нема да се подобри во наредната година велат 42 проценти од испитаниците, а 85 проценти од граѓаните би стекнале дополнителни квалификации за да напредуваат на работното место, а  66 проценти би ги стекнале истите само за да добијат работа. Вкупно 52 отсто од испитаниците се изјасниле дека користат Фејсбук, 30 проценти преферираат Инстаграм, додека 10 проценти велат дека воопшто не користат социјални медиуми. Дека намалените такси за роаминг во нивниот регион им помогнале да заштедат средства преку нивните телефонски трошоци, веруваат 48 проценти од жителите на Западен Балкан, а 38 проценти од бизнисите сметаат дека тоа имало позитивно влијание на нивните бизнис операции. Само 24 проценти се задоволни од начинот на кој нивната економија ги третира безбедносните предизвици, додека 39 проценти од нив се незадоволни. Педесет проценти од граѓаните се чувствуваат загрозено од нелегалното поседување и употреба на оружје. Вкупно 51 процент од бизнис лидерите сметаат дека Западен Балкан е добро место за инвестиција, додека, 19 проценти не се согласуваат. Цели 77 проценти од граѓаните ја поддржуваат регионалната соработка и нејзината улога во подобрувањето на политичката и економска ситуација во домашните економии. „Балкан Барометар“ е годишна анкета на јавно мислење и бизнис расположение во шест економии од Западен Балкан спроведена од Регионалниот центар за соработка. Оваа анкета ги истражува аспирациите и очекувањата на живот, работа, социо-економски и политички трендови и регионални и Европски интеграции. ар/са/    

Остани поврзан