• петок, 05 декември 2025

Баерн ќе ја зголемува понудата за Луис Диаз

Баерн ќе ја зголемува понудата за Луис Диаз

Минхен, 25.јули 2025 (МИА) - Бундеслигашот Баерн Минхен се очекува да испрати нова понуда за играчот на Ливерпул, Луис Диаз. Ова откако претходната беше одбиена. Репрезетативецот на Колумбија има активен договор со шампионот на Англија до летото 2027 година (уште две сезони). 

Диаз сака да си замине од Ливерпул бидејќи клубот веќе донесе неколку засилувања за напаѓачките позиции и јасно му е дека тешко ќе доаѓа до место во тимот на Арне Слот.

Вредноста на Диаз се проценува на 70 милиони евра, но од Ливерпул се обидуваат да ја зголемат оваа сума.

Колумбиецот минатата сезона во сите натпреварувања одигра 50 натпревари и постигна 17 голови со 8 асистенции.   мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан