• вторник, 18 јуни 2024

Баерн нема да купува замена за Ернандез: Тој е борец и ќе се врати силен

Баерн нема да купува замена за Ернандез: Тој е борец и ќе се врати силен
Минхен, 23 ноември 2022 (МИА) - Баерн во зимскиот преоден рок нема да купува играч кој ќе го замени повредениот Лук Ернандез. Дефанзивецот на бундеслигашот од Минхен ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено на вчерашниот натпревар на Франција со Австралија (4:1) на Светското првенство. Баерн не планира да бара замена,објави новинарот на „Sport1“, Кери Хау, а информацијата ја потврди спортскиот директор на Баварците, Хасан Салихамиџиќ. - Се разбира, сите сме во шок и многу жалиме за тоа што се случи. Но Лук е борец и ќе се врати силен. Нема да направиме ништо во зима, рече Салихамиџиќ. зс/

Остани поврзан