• четврток, 19 декември 2024

Баерн заостанува седум бода зад Баер, двете екипи ќе се сретнат на 10 февруари

Баерн заостанува седум бода зад Баер, двете екипи ќе се сретнат на 10 февруари

Минхен, 21 јануари 2024 (МИА) – Актуелниот германски фудбалски шампион Баерн Минхен заостанува седум бодови зад Баер по завршувањето на 18. коло.

Избраниците на Томас Тухел денес на домашен терен загубија од Вердер Бремен (0:1), додека Баер Леверкузен вчера го победи Лајпциг (3:2).

Во моментов Баварците се на второто место со 41 бод, но и натпревар помалку од Баер Леверкузен кој е лидер на табелата со 48 бода.

Водечките две екипи во Бундеслигата ќе се сретнат на 10 февруари и овој натпревар може во голема мера да го одлучи шампионот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан