• среда, 08 мај 2024

Баерн го претрпе највисокиот пораз во Бундеслигата во последните четири години

Баерн го претрпе највисокиот пораз во Бундеслигата во последните четири години

Франкфурт, 9 декември 2023 (МИА) – Актуелниот шампион, Баерн Минхен го доживеа најголемиот пораз во Бундеслигата во последните четири години. Денес тимот предводен од тренерот Томас Тухел во 14. коло загуби на гости од Ајнтрахт Франкфурт со 5:1.

Последен пат тимот од Минхен загуби со таков резултат на 2 ноември 2019 година. За одбележување е тоа што тогаш токму Франкфурт ги победи со истиот резултат (1:5).

За Баварците ова беше прв пораз оваа сезона во Бундеслигата по 10 победи и 2 нерешени.

Воедно Баерн го забележа третиот пораз на сите турнири - претходно загубија од Лајпциг (0:3) во мечот за Суперкупот на Германија и од Сарбрикен (1:2) во Купот на Германија.

Баерн моментално е втор на табелата со три бода помалку од Баер Леверкузен. Ајнтрахт е седми со 21 бод. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан