• петок, 05 декември 2025

Баерн го победи Штутгарт во натпреварот од Суперкупот на Германија

Баерн го победи Штутгарт во натпреварот од Суперкупот на Германија

Штутгарт, 17 август 2025 (МИА) – Баерн Минхен синоќа го победи Штутгарт на гостински терен во натпреварот од Суперкупот на Германија со 2:1.

Хари Кејн и Луис Дијаз, за кого натпреварот беше негов деби за клубот од Минхен, постигнаа гол за гостите. Џејми Левелинг постигна гол за домаќините.

Баерн го освои Суперкупот на Германија по 11. пат и за прв пат од 2022 година. 

Штутгарт го загуби трофејот по втор пат по ред - минатата сезона загубија од Баер Леверкузен.

Од сезоната 2025/26, трофејот ќе го носи името на Франц Бекенбауер, кој почина минатата година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан