Ашаданов: Сакаме поддршка на следниот натпревар против Грција
- Победа на стартот од квалификациите на македонската женска кошаркарска репрезентација
Скопје, 12.ноември 2025 (МИА) – Победа на стартот од квалификациите на македонската женска кошаркарска репрезентација. Совладана беше Данска минимално со 79:78. Но, избраничките на селекторот Александар Ашаданов покажаа дека со желба и упорност може да се дојде и до позитивен резултат.
Честитки за прикажаното до целиот мој тим. Овие девојки ќе бидат идоли на помладите девојчиња кои тренираат и треба да бидат идни репрезентативки, затоа што покажаа како се бори и како се гине за дресот со државниот грб на терен. За следниот дуел против Грција, противникот е фаворит број еден во групата и игра во низа на големите собири. Сакам да добиеме поддршка од публиката, а овие девојки сигурно ќе бидат мотивирани и ќе дадат се од себе и на тој дуел, истакна Ашаданов.
Натпреварот против Грција се игра во сабота со почеток во 18 часот во СРЦ „Кале“. Нашиот следен противник во денешниот прв натпревар загуби дома од Хрватска со 76:73. мн/
Фото: Фејсбук МКФ