• недела, 22 декември 2024

Ацевски: Треба посоодветно и поквалитетно да се грижиме за управувањето со капиталните инвестиции

Ацевски: Треба посоодветно и поквалитетно да се грижиме за управувањето со капиталните инвестиции

Скопје, 6 октомври 2023 (МИА) – Секојдневно сме оптеретени со одредени информации кои упатуваат на несоодветно користење на јавните средства, каде што како последица на тоа доаѓаме до кратење на одредени буџетски средства за одредени капитални инвестиции. Се испоставува дека имаме потреба посоодветно и поквалитетно да се грижиме за управувањето со капиталните инвестиции, изјави денеска Главниот државен ревизор, Максим Ацевски.

Тој на денешната дебата „Ефекти на финансиската и енергетската криза врз политиките и граѓаните“ одржана во организација на Центарот за граѓански комуникации, рече дека има важни проекти кои останале недовршени.

-За тоа какви се последиците можете да погледнете во договорот за автопатот Кичево-Охрид, денес можете лично да ја видите каква е состојбата. Потоа Клиничката болница во Штип, од 2006 после седум години имаме раскинување на договорот, честопати зборуваме па добро тоа се само средства, одредени граѓани, надлежности го гледаат само финансискиот ефект, но дали треба така да гледаме на работите, што имаме сега од болницата, раскинат договор и тужба, дали имамме болница немаме, дали имаме квалитетна услуга во овој дел немаме. Добиваме наплив на граѓани во клиничките болници во Скопје, тоа предизвикува намалена и неквалитетна услуга за граѓаните, затоа што ако докторот треба да посвети 30 минути за еден пациент тој сега има повеќе пациенти. Потоа  имате железничка пруга Коридор 8, па имате фаза два, дали имаме железничка пруга?! Ние се соочуваме со ситуација во која имаме расходи и платени казнени пенали за непотрошени, неповлечени кредитни транжи, посочи Ацевски. свс/ев/

Фото: МИА

Остани поврзан