• петок, 15 ноември 2024

Ахмети: Посакувам достојна и фер кампања

Ахмети: Посакувам достојна и фер кампања
Скопје, 30 септември 2021 (МИА) – Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) вечерва ја продолжи промоцијата на предизборната кампања од Бутел во Шуто Оризари. Носителката на листата на кандидати за советници во општина Шуто Оризари, Имране Рамадани истакна дека бараат поддршка од граѓаните за да продолжат со реализација на проектите. - Ние како огранок во минатото реализиравме многу проекти, но не зависеше се од нашата способност и подготвеност да ги спроведеме, но сега е поинаку бидејќи ние сме господари во нашата општина, како и сите други заедници. Ние ќе ви бидеме во ваша служба на најдобар можен начин со тоа што ќе ви служиме без резерва, нагласи Рамадани.   Првиот вицепремиер Артан Груби во своето обраќање истакна дека најголемиот проект од општините надвор од градот Скопје се прави во општина Шуто Оризари. - Во документот постигнат како договор во оваа општина, беше предвидено сè што треба да се направи во рок од четири години, ниту една буква во тој документ немаше врска со интересот на никого, освен со интересот на граѓаните, додаде тој. Претседателот на партијата, Али Ахмети рече дека посакува да има достојна и фер кампања. -Тука сме да ја демонстрираме поддршката што ја даваме на листата на советници, даваме силна поддршка за сите проекти што и се потребни на вашата општина, каде што вие живеете. На овој праведен пат вие сте уставна категорија и третирани како и сите други, затоа што побарав да бидете третирани исто, порача Ахмети. ки/дма/

Остани поврзан