• петок, 22 ноември 2024

Ахмети: Зелена агенда за подобар живот

Ахмети: Зелена агенда за подобар живот
Скопје, 1 октомври 2021 (МИА) - Демократската Унија за Интеграција - ДУИ  вечерва ја продолжи предизборната кампања во Сингелиќ, Општина Гази Баба, презентирајќи ја листата на кандидати за советници во оваа општина. Претседателот на ДУИ Али Ахмети пред присутните истакна дека приоритет на ДУИ е унапредувањето на кадарот и неговото школување, како и зелена агенда за подобар живот на граѓаните. - Имавме обврска да ја имплементираме и работиме за нашата програма која го дефинираше меѓународниот договор што го потпишавме, ДУИ, пред сè, јас како нејзин лидер, го имав за приоритет унапредувањето на кадарот, нивното школување и нивната специјализација, затоа што така мислев дека придонесувам за нацијата за конкурирање со структура во Брисел и Вашингтон. Исто така, и за предизвиците во институциите во насока на водење на државата, затоа што не сакав да се посрамотиме како нација туку да покажаме вредности и конкуренција, бидејќи кога работиш и го затвораш поглавјето на јунаштвото, започнува поглавјето на мудроста, рече Ахмети. Првиот вицепремиер Артан Груби пред присутните нагласи дека сега фокусот е ставен на гасификација, изградба на пруги и дигитализацијата. - Ми претставува огромно задоволство да ги видам во толку голем број нашите сопартијци и ова ме потсетува на собир од 2013 година, кога претседателот одлучи да се кандидираме за Градот Скопје, имаше голема мобилизација за тие избори, освојувајќи рекорден број 31 илјади гласови и овој дух продолжува и денес, а истите ќе се редат заокружувајќи ја бројката на ДУИ. Денес му го вративме на Сингелиќ она што му го имаме земено и имаме кадри кои го обелуваат лицето не само на ДУИ, туку и на сите Албанци. Ние изработуваме проекти кои целиме да ги спроведеме две децении. Пред два дена го имавме претседателот на Бехтел кои беа за да го изградат Коридорот 8, а во исто време го градиме патот до Блаца, додека пред неколку недели го поставивме камен-темелникот на булеварот Хасан Приштина, истакна Груби при што дополни дека се фокусирани на гасификација, железници, дигитализација, канализација и водоснабдување во сите населени места. Носителот на листата на кандидати во општина Гази Баба од редовите на ДУИ, Сафет Адеми истакна дека ќе работат со најголема сериозност за подобар живот за граѓаните во новиот мандат. - Самото учество на највисоките претставници на ДУИ ја потврдува поддршката на нашата изборна програма за овие локални избори. Нема да зборуваме и нема да се занимаваме со минатото туку со иднината. Само ќе кажам дека минатото е време да се каже „му реков, ми рече“, сега е време за проекти. Имам право да кажам дека мојот тим изработи платформа со која ќе работиме во следните четири години, рече носителот на листата кандидати за советник, Сафет Адеми. ДУИ утре ќе ја продолжи кампањата во општина Велес каде ќе го претстави Суат Шаќири кандидат за Општина Чашка како и листата за советници.ар/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан