Ахмед ал Шара ќе се обрати на Генералното собрание на ОН во септември, што е прво на сириски претседател од 1967 година
- - Шара ќе биде првиот сириски претседател кој ќе се обрати пред ОН од 1967 година, кога говореше Нуредин Атаси, изјави официјалниот претставник.
Дамаск, 25 август 2025 (МИА) – Сирискиот привремен претседател Ахмед ал Шара ќе присуствува на 80. седница на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк во септември, каде што ќе одржи говор, соопшти денеска претставник на Министерството за надворешни работи.
- Шара ќе биде првиот сириски претседател кој ќе се обрати пред ОН од 1967 година, кога говореше Нуредин Атаси, изјави официјалниот претставник.
Тој ќе биде и првиот сириски лидер кој ќе учествува во неделата на високо ниво од 22 до 30 септември.
Шара дојде на власт во декември минатата година, откако неговите сили, предводени од исламисти, го соборија Башар ал Асад по речиси 14 години граѓанска војна. Од тогаш, новите сириски власти добија регионална и меѓународна поддршка.
Во април, шефот на дипломатијата Асад ал Шибани одржа говор пред ОН и го крена новото знаме на Сирија пред седиштето во Њујорк.
И покрај тоа, поради минатото како поранешен џихадист, Шара останува под санкции и забрана за патување од ОН и мора да бара одобрение за секое патување. Во мај тој се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп, а претходно и со францускиот лидер Емануел Макрон во Париз. ссм/
фото: архива