• петок, 22 ноември 2024

АХВ: Ќе се уништува свинското месо од Грција чиј шверц беше спречен, нема известување за небезбедна серија хималајска сол

АХВ: Ќе се уништува свинското месо од Грција чиј шверц беше спречен, нема известување за небезбедна серија хималајска сол

Скопје, 9 јули 2024 (МИА) - Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска наредија уништување на приближно два тона замрзнато свинско месо по потекло од Република Грција, чиј шверц беше спречен викендов од страна на мобилна екипа на Царинската управа. За запленетите количини, АХВ вчера беше официјално известена од Царинска управа, врз основа на што беше издадена и наредбата за нештетно уништување на небезбедното месо.

Агенцијата информира и дека до овој момент, преку Системот за брзо информирање за Европската унија, не е добиено известување за пласирана небезбедна серија хималајска сол од брендот „Котами“, која поради утврдено присуство на пластика во одредени серии се повлекува од пазарот во некои од земјите од регионот. 

-Како одговорна институција за безбедноста на храната ќе ја следиме состојбата и доколку има потреба, навремено ќе бидат преземени соодветни мерки, наведува АХВ. мч/дма/

фото: МИА архива  

Тагови

Остани поврзан