• петок, 05 декември 2025

АХВ: Можно труење со храна во Штип, времено затворена сендвичарница 

АХВ: Можно труење со храна во Штип, времено затворена сендвичарница 

Скопје, 28 септември 2025 (МИА) - По добиена пријава од Центарот за јавно здравје Штип, за можно труење со храна во сендвичарница – киоск, инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), вчера спровеле вонреден инспекциски надзор кај операторот со храна. Според првичните информации, како што информираат од АХВ, пет лица појавиле симптоми на труење со храна откако јаделе сендвичи со пилешки стек. 

Земенени се примероци за лабораториско тестирање од инкриминираната храна и брисеви од работните површини, а сендвичарницата по наредба на инспекциските служби на АХВ е времено затворена се до добивање на резулатти од лабораториските испитувања, со кои ќе се потврди нејзината безбедност. аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан