• недела, 22 декември 2024

АХВ казни нерегистрирани производители на сирење во Прилеп и Скопје

АХВ казни нерегистрирани производители на сирење во Прилеп и Скопје

Скопје, 8 септември 2024 (МИА) – Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) казни нерегистрирани производители на сирење во Прилеп и Скопје, како и месарница поради неводење на дневна евиденција за потрошени суровини за производство на подготовки од месо.

Како што информираат од АХВ, во прилепското село Ново Лагово, индивидуален земјоделец е казнет поради нерегистрирано производство на сирење и му е наложено да ја регистрира дејноста. 

Во Прилеп, исто така, е изречена казна на оператор со храна - месарница поради неводење на дневна евиденција за потрошени суровини за производство на подготовки од месо. 

Преку нивните редовни и вонредни контроли на целата територија на земјава казнети се и физички лица на скопскиот зелен пазар „Буњаковец“.

- Нештетно се уништени 8 килограми сирење, 2 килограми кашкавал, 5 пакувања мед со саќе во количина од 4,5 килограми, кои немале документ за потекло, стои во соопштението од АХВ.

Оттаму дополнуваат дека контрола е спроведена и во сендвичарница на овој зелен пазар каде не се утврдени неправилности. ар/нд/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан