• петок, 22 ноември 2024

Африканска Унија го суспендира членството на Мали

Африканска Унија го суспендира членството на Мали
Дакар, 19 август 2020 (МИА) - Африканската Унија (АУ) денеска го суспендира членството на Мали во организацијата како одговор на вчерашниот воен удар и соборениот претседател Ибрахим Бубакара Кејта. - Суспензијата ќе трае се додека во Мали се воспостави уставен поредок, се наведува во соопштението на АУ. Африканската Унија побара и ослободување на Кејта и другите владини претставници. Припадници на армијата на Мали вчера со воен удар го принудија Кејта да поднесе оставка. ми/

Остани поврзан