• понеделник, 23 декември 2024

Африканска свинска чума во Србија регистрирана во 918 фарми, убиени 11.840 свињи

Африканска свинска чума во Србија регистрирана во 918 фарми, убиени 11.840 свињи

Белград, 24 јули 2023 (МИА) - Во Србија до денеска се потврдени 1.363 случаи на африканска свинска чума кај домашни свињи во 918 фарми во 30 општини, од кои 662 угинале, се наведува на порталот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, јави дописникот на МИА од Белград.

Еутанизирани се 11.840 свињи од различни категории, заедно со дезинфекција на домаќинствата.

За угинатите и убиените свињи предвиден е целосен паричен надоместок на сопствениците на животните под итна постапка во сите окрузи каде што се појавила чумата: Пчињскиот округ, Браничевскиот, Поморавскиот, Подунавскиот, Моравичкиот, Јужнобанатскиот, Борскиот, Среднобанатскиот, Зајечарскиот, Сремскиот, Белградискиот и во Шумадискиот округ.

Во 2023 година досега се потврдени вкупно 303 случаи на африканска свинска чума кај диви свињи на територијата на 24 општини Нишавската, Јабланичката, Пчињската, Пирот, Браничево, Поморавската, Заечарската и Градот Белград.

Министерството апелира до сопствениците на свињи секоја промена во здравствената состојба да ја пријават кај ветеринарот, со цел брзо дијагностицирање на болеста и преземање на сите неопходни мерки во најкус можен рок за да се спречи ширењето на болеста.

Африканската свинска чума е вирусно заболување со кое покрај Србија се бори и целиот регион и некои земји од Европската унија, а во Србија првпат е дијагностицирана во 2019 година. об/сд/

Остани поврзан