• петок, 22 ноември 2024

Аунг Сан Су Чи обвинета за кршење на законот за државна тајна на Мјанмар

Аунг Сан Су Чи обвинета за кршење на законот за државна тајна на Мјанмар
Најпитав, 1 април 2021 (МИА) – Соборената лидерка на Мјанмар Аунг Сан Су Чи е обвинета за кршење на законот за државна тајна кој датира од колонијалниот период, што е најсериозно обвинение со кое се соочува долгогодишната противничка на воената власт, соопшти денеска нејзиниот адвокат. Су Чи и другите членови на нејзината Национална лига за демократија (НЛД) се во притвор од воениот удар на 1 февруари. Хунтата досега ја обвинуваше за неколку помали кривични дела, вклучително и нелегален увоз на радиоприемници и кршење на протоколи поврзани со епидемијата на коронавирус. Нејзиниот главен адвокат Кин Маунг Зау изјави дека Су Чи, тројца министри од нејзината влада и австралиски економски советник Шон Турнел се обвинети за кршење на законот за доверливост на податоци и оти тој дознал за тоа пред два дена. Доколку бидат прогласени за виновни, им се заканува затворска казна од 14 години. Портпаролот на воените власти не одговори на телефонските повици на новинари на светските агенции. Со цел уште повеќе да се оневозможи известување за протестите, пучистите го исклучија безжичниот интернет, потврдија неколку телекомуникациски компании. Во Мјанмар, многу малку луѓе имаат пристап до фиксни врски. Досега, најмалку 538 цивили се убиени во судири со безбедносните сили од почетокот на февруари. Најкрвавиот ден беше во саботата, кога беа убиени 141 лице. јт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан