• сабота, 23 ноември 2024

Аудиокнигите „Поправање на грешките“ и „Нови авантури на близнаците“ достапни на веб-платформата „Самоглас“

Аудиокнигите „Поправање на грешките“ и „Нови авантури на близнаците“ достапни на веб-платформата „Самоглас“
Скопје, 27 октомври 2021 (МИА) - Аудиокнигите „Поправање на грешките“ од Аријан Лека и „Нови авантури на близнаците“ од Милутин Ѓуричковиќ се објавени и достапни на мобилната апликација и веб-платформата на „Самоглас“. Овие аудиокниги се објавени со поддршка од Регионалната мрежа за културна разновидност - регионален проект финансиран од Европската Унија, кој се имплементира од страна на Гете-институт Скопје во соработка со партнерски организации од Србија, Албанија, Турција и Косово. Аријан Лека е албански поет, прозаист, есеист, детски писател, преведувач, основач и раководител на потескиот книжевен фестивал „Поетика“. Милутин Ѓуричковиќ е поет, романописец, критичар, доктор по книжевност кој има објавено шеесетина книги за деца и возрасни. И двајцата се добитници на многу меѓународни и домашни книжевни признанија, а нивните дела преведени на македонски сега добија и свои аудиоверзии. -„Самоглас“ - www.samoglas.mk е мобилната и веб-апликација за слушање аудиокниги на македонски јазик, која е достапна за јавноста од јануари минатата година. Оттогаш до денес се објавени над 70 книги, а платформата ја користат над 9.500 регистрирани корисници, се наведува во соопштението на „Самоглас“. бт/са/  

Остани поврзан