• петок, 05 декември 2025

Атлетик сериозно ослабен пред реваншот со Манчестер јунајтед

Атлетик сериозно ослабен пред реваншот со Манчестер јунајтед


Билбао, 7 мај 2025 (МИА) – Шпанскиот фудбалски прволигаш Атлетик Билбао ќе биде значително ослабен утревечер на „Олд Трафорд“ кога ќе игра против Манчестер Јунајтед во реваншот од полуфиналето во Лига Европа.
Атлетик загуби на првиот натпревар на домашен терен убедливо со 0-3, а во Манчестер ќе биде без тројца од своите најдобри играчи, браќата Вилијамс, Инаки и Нико, како и Оихан Сансет.
Оваа сезона, Инаки Вилијамс постигна 11 голови со девет асистенции во сите натпреварувања за Атлетик, но ќе го пропушти реваншот во четврток поради повреда на тетивата. Неговиот помлад брат Нико, исто така, постигна 11 голови оваа сезона, а ќе го пропушти утрешниот реванш натпревар поради проблеми со препоните.
Најдобар стрелец на Атлетик оваа сезона е Оихан Сансет со 17 голови, но и тој нема да му биде на располагање на тренерот Ернесто Валверде поради проблеми со тетивата.
Во второто полуфинале, Тотенхем во Лондон го пречекува Бодо Глимт со предност од 3-1 од првиот натпревар во Норвешка.
Финалето ќе се игра на стадионот на Атлетико, „Сан Мамеш“ во Билбао. ег
ФОТО: Архива

Остани поврзан